Tuesday, 15 Oct 2019
www.zfr.org.mk
Известување - АНАЛИТИКА
There are no translations available.

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија – Велес на 3 Јуни 2019 година во Хотел „Континентал“ – Скопје, ја одржа Конференцијата за презентација на наодите од истражувањето: „Анализа на реализацијата на општинските буџети“.

Со истражувањето е извршена анализа на реализацијата на буџетите на ЕЛС и тоа Анализа на приходите и Анализа на расходите во 2018 година со компаративна анализа за преходен период.

Ангажираните експерти и учесниците на Конференцијата имаа можност да дискутираат за утврдените состојби, да разменат информации и добри практики, а воедно и да дадат препораки за идно делување.

Целна група на истражувањето беа сите 81 општини. Резултатите од анализата се корисни за општините, градоначалниците, општинските советници и за други заинтересирани корисници, како што се: медиумите, НВОи, бизнис секторот и граѓаните.

Се очекува Анализата да придонесе за креирање на транспарентни и отчетни политики и процеси за носење на одлуки во областа на јавните финансии на локално ниво.

Одржаната Конференција е во рамките на проектот „Анализа на реализацијата на општинските буџети“, кој финансиски е поддржан од шемата за под-грант предвидена во рамки на проектот „Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии“ – финансиран од Европската комисија, како дел од програмата Механизми на граѓанското општество и медиуми 2014-2015 година (поддршка на регионалните тематски мрежи на организации на граѓанското општество).

 
Објава - минимална плата во бруто износ
There are no translations available.

Врз основа на членот 4, став 2 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17 и 140/18), Министерството за труд и социјална политика

О Б Ј А В У В А

Висината на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија започнувајќи од април 2019 година изнесува 17.943,00 денари.

 
Пресметка на ревалоризација кај буџетите, буџетските корисници и единки корисници
There are no translations available.

  • Пресметка на ревалоризација кај буџетите, буџетските корисници и единки корисници (тука)

 
Понуда и порачка 2019
There are no translations available.

 
Договор за акредитација
There are no translations available.

 
Јавен повик за избор на нови општини во проектот „Зајакнување на општинските совети“
There are no translations available.

Почитувани,

Ве информираме дека е објавен повикот за учество на дополнителни 9 општини во проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Почнувајќи од јануари 2019 година, со селектираните општини ќе се имплементираат активности во насока на подобрување на улогата на општинските совети во локалната демократија.

 

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 Next > End >>

Page 2 of 5

 


 

Порачка за 2019 година

 

НАРАЧАЈ ...

 


Примена на Законот за јавни набавки во пракса - III издание

 

 

 

Цена: 3950 денари со вклучен ДДВ

НАРАЧАЈ ...



 


Прирачник за сметководство на буџетите и буџетските корисници

 

 


Цена: 2500 денари со вклучен ДДВ

НАРАЧАЈ ...


VNG International