Вторник, 22 Мај 2018
Активности PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Вторник, 26 Јуни 2007 02:44
Здружението на финансиските работници е вклучено во различни активности кои се поврзани со реформа на јавното финансирање и подобрувањето на финансиската администрација на ниво на општините. Здружението ги претставува интересите на општините од финансиската сфера учествувајќи во “работната група”  формирана од Министерството за Локална самоуправа, задолжена да ги ревидира постојните Закони кои ги регулираат финансиите и да даде препораки на Министерството за Локална самоуправа за изготвување на Закон за финансирање на Единиците на Локалната самоуправа. Покрај издавањето на месечниот Билтен, Здружението има организирано и спонзорирано повеќе работилници и семинари од следните области: Техники на изготвување на Буџетите на општините; Анализа на трошоците; Примена на Законот за јавни набавки; Меѓународни сметководствени стандарди; Реформата на локалната самоуправа; Потребата од фискална децентрализација, Канцелариско и архивско работење, Процес на буџетирање, Процес на известување, Подготовка на годишни сметки, Администрирање локални даноци и такси, Интерна контрола и ревизија, Трезорско работење и др.Ова се активности на постојано едуцирање на членството.
Последно освежено на Среда, 31 Август 2016 10:03