Вторник, 15 Окт 2019
LOPAD II PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Вторник, 24 Јули 2007 15:58
ImageВо тек е подготовка на Прирачник за администрирање локални даноци и такси како дел од проектот LOPAD II.  Во рамките на реализацијата на LOPAD II Проектот, претставници од Здружението учествуваа на Дисеминирачката активност заеднички организирана од VNG International, ЗЕЛС и Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија. При тоа, претстваниците од пилот општините настапија со свои презентации, како и во рамките на специјализираната панел сесија посветена на финансискиот менаџмент - администрирањето на локалните даноци и такси.

За споменување е дека во рамки на Дисеминирачакта активност учесниците имаа можност да пополнат анкетни прашалници кои ќе послужат како основа за утврдување на идните потреби за обука. Како дел од планираните активности во рамки на проектот, интензивно се работи на Прирачник, утврдување на организационата структура и описот на работните места во одделите за администрирање на локалните даноци и такси, утврдување на финалната верзија на Кодексот на даночните работници и Фискалната стратегија.
Image Image
Последно освежено на Вторник, 05 Јануари 2010 14:36