Вторник, 15 Окт 2019
Креирање Стратешки План, Бизнис План и Работен План PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Недела, 09 Септември 2007 02:42

Image Одржана е работилница на тема "Креирање на Стратешки план, Бизнис план и Работен План на Здружението".

Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија во соработка со експертска поддршка од VNG International на 8 и 9 Септември 2007 година работеше на креирањето на Стратешки план, Бизнис план и Работен план.

Меѓународниот експерт, Jim Budds на дваесетина членови на Здружението им ги пренесe практичните знаења и светските искуства за изработка на стратешките документи и примената на светските искуства.

Работната група на Здружението, со активно учество на работилницата детално ги презентираше стратешките цели за идниот период, по што под раководство на меѓународниот експерт беа утврдени приоритетите, кои ќе бидат основа за прецизно утврдување на Работниот план за 2008 година.

Image Image

Image Image

 

Последно освежено на Вторник, 05 Јануари 2010 14:21