Вторник, 22 Мај 2018
Известување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Петок, 10 Февруари 2017 07:29

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија - Велес, започнувајќи од јануари заклучно со 30 јуни 2017 година ги имплементира активностите утврдени во Проектот: „Даночен советник во функција на граѓаните - даноци од граѓаните за граѓаните“, со финансиска поддршка од Општина Велес, програма за поддршка на граѓанскиот сектор.

Затоа во наредниот период, секоја среда, од 10 до 12 часот во просториите на Здружението на сите заинтересирани граѓани и граѓански организации на располагање е нашиот даночен советник.

Нашиот даночен советник ќе биде достапен за одговор на прашања добиени по е-маил поврзани со даноците доставени на следната електронска адреса:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Последно освежено на Среда, 13 Септември 2017 12:24