Вторник, 17 Јул 2018
Извештај за утврдени состојби, практики и препораки за подобро финансирање на судовите во РМ - втора анализа PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Вторник, 26 Септември 2017 13:59

Здружението на финансиски работници Ве информира дека во електронска верзија го издаде: „Извештајот за утврдени состојби, практики и препораки за подобро финансирање на судовите во Република Македонија - втора анализа“.

Изработката на Извештајот е дел од активностите на проектот „Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт - втора анализа“, спроведуван од Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, а финансиски поддржан од ПРОЕКТОТ „МРЕЖА 23+“ ИПА 2015/372-126, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА.

Проектот „Мрежа 23+“ го спроведуваат Институтот за европска политика - Скопје ЕПИ, како носител на проектот во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на Програмата на ЕК ИПА за поддршка на граѓанското општество.