Четврток, 19 Јул 2018
Усвоени предложените измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Понеделник, 25 Декември 2017 12:58

На седницата на Собранието на РМ одржана на 22.12.2017 година (петок) беше усвоен Предлог Законот за измнување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи.

Со законските измени утврден е нов дополнителен рок од 60 дена од влегување во сила на измените на Законот за поднесување на барање за замена на уверенијата за сметководители и за овластен сметководител издадени од министерот за финансии.

Утврден е нов и дополнителен рок од 60 дена од влегувањето во сила на измените на Законот за упис во регистарите на сметководители и овластени сметководители на лицата кои извршиле замена на уверенијата за сметководител и овластен сметководител, но не се упишале во соодветниот регистар.

Со законските измени се намалува бројот на задолжителни часови за КПУ кои треба да се посетат во период од 3 години, за овластени сметководители од 120 на 90, при што најмалку 20 часа во една година, а за сметководители од 90 на 60 часа, при што најмалку 10 часа во една година.

Со измените и дополнувањата на законот за вршење на сметководствени работи се утврдува и задолжителниот број на часови за КПУ за 2017 година, за овластените сметководители најмалку 15 часа КПУ до крајот на годината и за сметководителите најмалку 10 часа КПУ до крајот на годината за сметководители.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“

Во прилог следи линк од Предлог законот за вршење на сметководствени работи

Последно освежено на Понеделник, 25 Декември 2017 13:18