Вторник, 16 Окт 2018
Работилница: „Ревизија на финансиските извештаи и ревизија на успешност спроведени од внатрешната ревизија, активност во насока на поддршка на раководителот на субјектот за остварување на поставените цели“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Понеделник, 20 Август 2018 12:20

Следејќи ги потребите за постојана професионална обука и надградба, базирани на барањата од членовите, како и анализата на потребите за обука подготвена од Здружението, ја продолжуваме долгогодишната практика на организирање на обуки од областа на внатрешната ревизија. Меѓународниот експерт John Lammerding со долгогодишно искуство од областа на внатрешната ревизија во јавниот сектор и јавната финансиска контрола во Холандија ќе биде експерт - обучувач на работилницата на тема: „Ревизија на финансиските извештаи и ревизија на успешност спроведени од внатрешната ревизија, активност во насока на поддршка на раководителот на субјектот за остварување на поставените цели“ која ќе се одржи во периодот од 12 до 15 септември 2018 година во хотел „Дрим“ - Струга.