Среда, 21 Ное 2018
Работилница: „Попис на средствата и нивните извори кај БК, ЕК, ЈУ, ЈП, ТД и други правни лица за известувачкиот период - 2018 година, како и даночниот третман на констатираните кусоци“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Елизабета Камчева   
Вторник, 30 Октомври 2018 07:03

Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија следејќи ги активностите кои треба да бидат преземени во овој период, организира работилница на тема: „Попис на средствата и нивните извори кај буџетските корисници, единките корисници, јавните установи, јавните претпријатија, трговските друштва и други правни лица за известувачкиот период - 2018 година, како и даночниот третман на констатираните кусоци“ на 15 Ноември 2018 година (четврток), во хотел „Континентал“ - Скопје.

Сите учесници, покрај стандардниот материјал, ќе ја имаат единствената можност да добијат флеш меморија (USB) за изготвена процедура за начинот на вршење попис кај: БК и ЕК, ЈУ/ЈЗУ, ЈП, ТД и НВО; користење на службените моторни возила, начинот на постапување со парични средства во готово - благајна, начинот на користење на стоки и услуги кои имаат третман на дарови и репрезентација, доделување на ДЈН и чек листа за проверка на фактури/барање за плаќање.

Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество на работилницата.

Последно освежено на Понеделник, 19 Ноември 2018 08:38