Tuesday, 17 Sep 2019
Известување - АНАЛИТИКА PDF Print E-mail
Written by Елизабета Камчева   
Tuesday, 18 June 2019 14:07
There are no translations available.

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија – Велес на 3 Јуни 2019 година во Хотел „Континентал“ – Скопје, ја одржа Конференцијата за презентација на наодите од истражувањето: „Анализа на реализацијата на општинските буџети“.

Со истражувањето е извршена анализа на реализацијата на буџетите на ЕЛС и тоа Анализа на приходите и Анализа на расходите во 2018 година со компаративна анализа за преходен период.

Ангажираните експерти и учесниците на Конференцијата имаа можност да дискутираат за утврдените состојби, да разменат информации и добри практики, а воедно и да дадат препораки за идно делување.

Целна група на истражувањето беа сите 81 општини. Резултатите од анализата се корисни за општините, градоначалниците, општинските советници и за други заинтересирани корисници, како што се: медиумите, НВОи, бизнис секторот и граѓаните.

Се очекува Анализата да придонесе за креирање на транспарентни и отчетни политики и процеси за носење на одлуки во областа на јавните финансии на локално ниво.

Одржаната Конференција е во рамките на проектот „Анализа на реализацијата на општинските буџети“, кој финансиски е поддржан од шемата за под-грант предвидена во рамки на проектот „Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии“ – финансиран од Европската комисија, како дел од програмата Механизми на граѓанското општество и медиуми 2014-2015 година (поддршка на регионалните тематски мрежи на организации на граѓанското општество).