Работилница: „Практична имплементација на одредбите на новиот Закон за јавни набавки“ Печати
Напишано од Елизабета Камчева   
Петок, 15 Февруари 2019 09:45

Во пресрет на започнувањето на примена на новиот Закон за јавни набавки, Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија организира работилница со наслов: „ПРАКТИЧНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЕДБИТЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“ која ќе се одржи на 15 Март 2019 година (петок) во хотел „Континентал“ - Скопје.