
Здружението на финансиските работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес организира Завршен настан за проектот: „Итни и прецизни обуки за новините во јавните набавки“ на тема:
„УПРАВУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – НОВИНИ И НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА“
Завршниот настан ќе се одржи во хотел „Белви“ – Скопје, на ден 14.07.2025 година со почеток во 11.30 часот.
Проектот: „Итни и прецизни обуки за новините во јавните набавки“, е поддржан со ад хок грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
За сите дополнителни информации обратете се во канцеларијата на Здружението на финансиски работници, на тел. 043/230-623, моб. 071/335-930, 076/265-136.