Во Здружението членуваат околу триста (300) финансиски работници од општините и јавните претпријатија од преку 2/3 општини од вкупниот број општини во Република Македонија. Примарната цел на Здружението на финансиските работници е да стане организација која ќе ги претставува сите општини во земјата. За таа цел, Извршниот одбор има назначено дваесет и четири (24) Регионални координатори кои работат на промовирање на активностите на Здружението и обезбедуваат нови членови.
Здружението се состои од:
Собрание
Претседател
Извршен одбор
Извршен директор и
Регионални координатори
Органограм на ЗФР