Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија официјално беше признаено од македонските власти како невладина, професионална организација во ноември 1997 година. Формирано е со цел да:

• Го зголеми професионализмот на финансиските работници во општините ширум Македонија;
• Обезбеди форум за ширење на информации за споделување и решавање на прашањата и проблемите со кои општините најчесто се соочуваат и
• Да служи како застапник за промовирање на интересите на општините во врска со фискалните и буџетските прашања во однос на централната власт.

Во Здружението членуваат околу триста (300) финансиски работници од општините и јавните претпријатија од преку 2/3 општини од вкупниот број општини во Република Македонија. Примарната цел на Здружението на финансиските работници е да стане организација која ќе ги претставува сите општини во земјата. За таа цел, Извршниот одбор има назначено дваесет и четири (24) Регионални координатори кои работат на промовирање на активностите на Здружението и обезбедуваат нови членови.
ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС, како првостепен вонпроцесен суд од судијата Борис Милојков, по барање од Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија во Велес за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации на ден 22.01.1999 год. го донесе РЕШЕНИЕТО со кое СЕ ЗАПИШУВА во Регистерот на Здруженија на граѓани и фондации под ЗГФ бр. 24/98.
Со запишувањето во регистерот на Здружениата на граѓани и фондации, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претприатија во Велес се стекнува со својство на правно лице.
Оснивачи на Здружението се:
1. Максим Ацевски
2. Ристе Николов
3. Драган Дамјаноски
4. Милан Марков
5. Царка Ацевска,
6. Ѓорѓи Димитриев
7. Гордана Славкова
8. Валентина Ѓорѓиева
9. Милан Андов
10. Марика Нацева
11. Василка Јанева
12. Лилјана Ѓорѓиева
13. Нада Павлова
14. Јован Ганчев
15. Донка Попова