Продолжувајќи ја повеќе од дведецениската традиција на организирање работилници за подготовка на финансиските извештаи / завршната сметка / годишната сметка, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија со задоволство Ве известува дека ќе организира две пооделни работилници на тема: „Изготвување на финансиските извештаи / завршната сметка / годишната сметка за 2024 година кај буџетите, буџетските корисници, единките корисници, јавните установи, јавните здравствени установи и јавните претпријатија

Работилниците ќе се одржат со следата динамика:

– Хотел „Глориус“ – Велешко езеро, датум: 22 и 23 Јануари 2025 годиа

– Хотел „Prezident“ – Нови Сад, Република Србија (https://prezidenthotel.com/), во периодот од 29 Јануари до 01 Февруари 2025 година

Учесниците на работилницата ќе добијат сертификат за учество на работилницата.

 Работилницата е КПУ акредитирана.

Учесниците на работилницата кои имаат статус на сметководител, односно овластен сметководител согласно со одредбите на Законот за вршење сметководствени работи ќе имаат право на доделување на часови за посета на настава за КПУ согласно со темите и нивното времетраење опфатени со Агендата за оваа работилница. За овие посетители фактурирањето на надоместокот ќе биде соодветно прилагодено во рамките на вкупно утврдениот надоместок за работилницата.

За сите дополнителни информации обратете се во канцеларијата на Здружението на тел. 043/230-623, моб. 070/265-401, 071/335-930, 076/265-136 или на e-mail: zfrlsjpv@gmail.com, kontakt_zfr@yahoo.com