Врз основа на членот 4, став (2) од Законот за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 239/19), Министерството за труд и социјална политика
О Б Ј А В У В А
(„Службен весник на РСМ“ бр. 75/20)
Висината на минималната плата во бруто – износ во Република Северна Македонија започнувајќи од април 2020 година изнесува 21.776 денари.