Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес објавува Повик за избор на три експерти за спроведувањето на проектот: „Анализа на политиките кои се однесуваат на финансирањето на локалната власт.“
Експертите ќе бидат ангажирани до 31.12.2020 година.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
– Мотивационо писмо со опис на експертизата релевантна за оваа задача;
– Биографија (CV);
на следната електронска адреса zfrlsjpv@t.mk најдоцна до 09.07.2020 година, во 14.00 часот.